Поврзи се со нас

Гостивар

БРАВО! Руфија Идризовска од Гостивар со просек 10,00 најдобар студент на ПМФ и Институтот за хемија

Објавено

на

Гостивар може да се гордее со успесите на младата Руфија Идризовска. Гостиварката доби пофалници за најдобро дипломиран студент на Природно-математичкиот факултет на УКИМ во Скопје и на Институтот за хемија (применета хемија-аналитичка биохемија), со чист просек од 10,00.

Признанијата за својата посветеност и ангажман на полето на хемијата, како и дипломата за завршено високо образование и‘ беа врачени деновиве на пригодна свеченост на факултетот.

„Секогаш вложувајте во вашето знаење бидејќи само знаењето е вашето моќно оружје со кое може да бидете победник на секое поле. Не прекинувајте со надградба на знаењето и секогаш стремете се кон нови откритија и бидете оптимист, верувајте во себе. Употребете го вашето знаење и вложете го во нашата убава земја Македонија, пробајте и барајте работа тука, не надвор од нашата земја. Стекнатото знаење сигурни некој ќе го препознае и ќе ви понуди соодветна работа, јас верувам во тоа и ќе бидам упорна на тоа поле, но само во мојата земја“, изјави за  Gostivaroress.mk, Руфија.

Основно образование, Идризовска завршила во ОУ „Гоце Дечев“ каде била ученик на генерацијата, додека средно во колеџот „Јахја Ќемал“, исто така наградувана како најдобар ученик на генерација, со постигнати бројни успоеси на натпревари на меѓународно ниво. Академскиот пат го продолжува на магистерски студии на ПМФ.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена