Поврзи се со нас

Македонија

Резултати од конкурсот за стипендии за средношколци од дуални паралелки

Објавено

на

Министерството за образование и наука ги објави  резултатите од Конкурсот за стипендии за ученици кои се запишани во дуални паралелки во јавните средни училишта за учебната 2023/2024 година.

Конкурсот на МОН е за доделување 1500 стипендии за ученици кои се запишани во дуалните паралелки  (паралелки во стручно образование во кои ќе се реализира практично образование со зголемен број на часови согласно програмите за стручно образование), освен за учениците од здравствените струки.

Како што е појаснето на веб-страницата на МОН, секој добитник на стипендија треба соодветниот договор за стипендија (достапен електронски) да го симне и пополни во три примероци и заедно со копија од лична трансакциска сметка да го достави до МОН, директно или по пошта – препорачана пратка со повратница (ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје), најдоцна до 10 јануари 2024.

-Одбиените кандидати (учениците кои не се наоѓаат на објавените списоци) ќе имаат можност за поднесување жалба од денот на добивање на решението од МОН во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена, информира МОН.

Министерството  во објавата на резултатите наведува контакти во Секторот за ученички и студентски стандард каде што може да се добијат дополнителни информации, како и на електронската адреса: ucenicki.stipendii@mon.gov.mk

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена