Вести
Светски ден на младите – спијат по 9 часа дневно, а по 5 и пол часа шетаат и се дружат
Датумот 12-ти август е прогласен за Меѓународен ден на младите со Резолуција на Генералното собрание на Обединетите Нации во 2000 година. Целта е да сврте вниманието кон потребите, проблемите и приоритетите на младата популација.
По повод денот, Институтот за јавно здравје објави податоци врзани со здравствената состојба и животните навики на младите во земјава. Нивната статистика покажува дека деформитетите, лошото држење на телото и лошата ухранетост на телото, се најзастапените патолошки состојби кај учениците во основно и средно образование. Околу 20% од основците имаат проблеми со видот, а 14% од средношколците – деформитет на стапалата. Според ИЈЗ, тинејџерите пијат алкохол еднаш неделно, а со зголемување на возраста расте и употребата на алкохолните пијалоци.
Со податоци излезе и Државниот завод за статистика. Од таму наведуваат дека на први jануари 2017 година во Македонија имало 432 146 лица на возраст од 15 до 29
години, од нив 222 426 лица се машки или во однос на вкупнот број на мажи тие се 21.4% , додека пак бројот на женски лица изнесува 209 720 што претставува 20.3% од вкупниот број на жени.
Според Анкетата за користење на времето младите на возраст од 15 до 24 години
просечно дневно спијат по 8 часа и 59 минути, додека 5 часа и 35 минути поминуваат на слободни активности.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ