Поврзи се со нас

Занимливости

Играње со куче за помал стрес и поголема концентрација

Објавено

на

Се вели дека кучето не е само домашно милениче, туку и член на семејството… А пак, времето минато во игри и галење со куче го намалува нивото на стрес и помага за поголема концентрација, покажува ново истражување објавено во списанието „Плос уан“ (Plos One).

Доктор Онијо Јо од Универзитетот на Конкук во Јужна Кореја и неговите колеги проучувале 30 возрасни лица кои носеле електроенцефалографски (ЕЕГ) електроди и изведувале осум активности со куче. Испитувани се хормоналните промени пред и по играњето со кучиња, како и мозочната активност на луѓето. Сѐ тоа открива дека минувањето време со своето милениче ги засилува мозочните бранови коишто се поврзани со концентрацијата и опуштањето.

Истражувачите го проучувале мозочната активност на луѓето додека учествувале во своите активности со кучињата – емоционалната состојба, стресот итн.

„Нашата студија покажува дека интеракциите со животните, како што се игра, шетање, масирањето и дотерувањето кучиња, имаат позитивно влијание врз луѓето. Ова укажува дека одредени активности предизвикуваат опуштање, емоционална стабилност, внимание, концентрација и креативност“, се вели во научниот труд.

Преку субјективна проценка на расположението, резултатите откриваат дека играта со кучињата го намалува стресот кај човекот и поттикнува позитивни емоционални одговори.

 

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена