Поврзи се со нас

Гостивар

Исклучување од сообраќај и казни во контроли во Гостивар и Тетово

Објавено

на

Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (26 март)  од 10 до 15 часот на тетовско-гостиварското подрачје спровеле акциска контрола, во рамките на која вкупно биле откриени и санкционирани 4 технички неисправни возила (ТЕ-3 и ГВ-1).

Три од нив имале неисправни сопирачки, а едно неисправни светлосни уреди. „Технички неисправните возила веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се законски предвидените поднесоци со парични глоби од 400 евра во денарска противвредност.“, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Покрај ова, од сообраќај биле исклучени и 3 возачи (ТЕ-1 и ГВ-2) кои управувале без положен возачи испит и валидна дозвола за тоа и еден со впишана забрана за управување. Во акцијата, исто така, санкциониран е и 31 возач (ТЕ-22 и ГВ-9) кој не користел сигурносен појас, 1 (ТЕ) кој не носел возачка дозвола, 13 (ТЕ) погрешно, односно непрописно паркирани возачи, односно возила, од кои 7 биле подигнати од тетовската „пајак-служба“. При контролата откриени и санкционирани се и 13 други видови сообраќајни прекршоци.

Од полицијата додаваат дека вакви и слични контролни активности планирани се и во наредниот период во функција на подобрување на вкупниот ред и безбедност на патиштата на подрачјето на СВР Тетово и пошироко.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена