Гостивар
Гостиварски театар: Скоро 40% помалку средства за претстави, ни се блокира работата
На Светскиот ден на театарот, 27 Март, Гостиварски театар реагира дека Министерството за култура одобрило мал буџет за претставите од годишната програма за 2024-та, со кој нема да можат да ги реализираат. Директорот на установата, Сулејман Реџепи на прес конференција информираше дека им биле одобрени 40% помалку средства споредено со лани и дека против таа одлука поднеле жалба до Управниот суд.
„Има скоро 40% намалување на буџетот од претходната година, кој пак исто така беше многу мал, без притоа да се земат предвид поскапувањата. Исто така, не се земени предвид одлуките за приоритетите на театарот кои ние ги определивме. Доставивме 5 предлог проекти: „Цилиндарот од Едуардо де Филипо“ во режија на Афердита Нухији, „Вообразениот монах“ од Молиер во режија на Хервин Чули, „Слугата на две партии“ од Сашо Кокаланов, во режија на Бесфорт Идризи (тријазична на македонски, албански и турски), „Госпоѓица Жули“ од Стриндберг во режија на Петрит Незири и „Манијак“ од Ратко Бјелчиќ во режија на Елеонора Теова. За првата претстава одобрени ни се само 550.000 денари, а за третата 650.000 денари. Со толкав буџет не може да се зборува за квалитет. Во други театари толку е хонорар на режисер, а каде се трошоците за сценографија, костими итн.“, појасни Рушити.
Откако ги добиле одлуките од Министерството за култура, согласно процедурите поднеле жалба до Управен суд. Доколку не им биде прифатена, велат, нема да може да ги работат претставите.
„Ова полошо не можел да го скрои некој, за да не блокира нас како театар. За да се реализираат одобрените престави на пример треба да ангажираме актери од надвор, а немаме средства. Не можам јас да потпишам нешто што знам дека не може да се реализира, знаејќи ги условите и можностите.“, вели Рушити.
Министерството за култура на Гостиварски театар за годинава му одобрило околу 2 милиони денари, додека лани сумата била 2,6 милиони.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!