Поврзи се со нас

Вести

Казнети пешаци во Гостивар – ем ќе платат, ем ќе одат на часови за сообраќајна култура

Објавено

на

 Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција во Гостивар спровела акциски контроли во чие средиште биле пешаците. Се утврдувало колку овие учесници во сообраќајот ги почитуваат сообраќајните знаци, правила и прописи.

Како што е наведено во полициското известување, во акцијата биле откриени вкупно осумнаесет прекршоци. Сите се однесувале на преминување на улица надвор од пешачки премин. Пешаците-прекршители се соочуваат со казни од 20 до 50 евра, зависно од видот на прекршокот, а ќе бидат повикани и на часови, односно таканаречена сообраќајна поука.

„Вакви контролни активности планирани се и во наредниот период, дотолку повеќе што и годинава на тетовско-гостиварското подрачје значителен е бројот на сообраќајните несреќи, во кои непосредни учесници биле пешаци, пред се поради нивно невнимателно однесување, неправилно движење или недавање предност од возачите“, соопштуваат од Секторот за внатрешни работи.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена