Поврзи се со нас

Култура

Гостиварката Гордана Страшевска издаде книга посветена на Бигорскиот манастир

Објавено

на

 

„Светителските култови и народната традиција поврзани со манастирот Свети Јован Бигорски“ е насловот на книгата од професорката по македонски јазик од Гостивар, Гордана Страшевска, која неодамна излезе од печат. Со оглед на тоа што манастирот денес го одбележува својот патрон празник, сметавме дека е вистински момент да го претставиме делото, да споделиме информации околу неговото создавање и содржината.

Книгата на околу 150 страници донесува важни податоци за историјатот на манастирот, архитектурата на објектите, празниците, животот на монасите како и за значајни личности поврзани со светилиштето. Книгата е всушност магистарски труд на Страшевска со кој се стекнува со титулата Магистер по културологија на Институтот за македонска литература во Скопје.

„Семејно сум многу врзана со манастирот бидејќи мојот татко е роден во село Битуше, и секој слободен миг сме го поминувале таму, а по пат редовно го посетувавме Бигорски. Идејата да ја напишам книгата потекна сосема спонтано, од една посета со професорите и колегите од Институтот за македонска литеаратура. Бевме во посета на манастирот, каде бевме пречекани од Игурменот отец Партениј и монашкото братство, кои беа многу љубезни и ни ја раскажаа целата таа приказна околу манастирот. Тогаш, некако многу поинаку го доживеав светилиштето отколку во сите тие претходни мои посети. Причина плус беше тогашната случајна средба со мојата цимерка, којашто била прва монахиња во манастирот Св. Ѓорѓија во село Рајчица, кој е во склоп на манастирот Бигорски. Сите коцки се споија и ме инспирираа да го посветам магистерскиот труд на Св.Јован Бигорски“, објаснува авторката.

Да се работи на книга за Бигорски бара посветеност и многу труд, вели м-р Страшевска  и потенцира дека голема помош и поддршка во процесот на создавање имала од монашкото братство на манастирот.

Во рецензијата за книгата игуменот на Бигорскиот манастир, отец Партениј пишува: „Без никакво притиснение, со широко срце би можеле да кажеме дека овој труд е првенец во современата македонска научна книжевност, што така збиено, но истовремено и мошне содржајно и целесообразно ги опфаќа сите аспекти од илјадагодишното суштествување на оваа, една од најголемите православни македонски светињи“.

Професорот Марко Китевски пак, го оценува делото како значајно сведоштво за историјата на манастирот, пишуван со многу љубов кон христијанската вера, црковните и народните традиции во реканскиот крај.

Книгата е издадена со поддршка на Министерството за култура.

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 5 часа

Пролетен тренд-Лакови за нокти во посветли нијанси

ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Близу 60% граѓаните ќе гласаат на изборите – кампањата не влијаела на нивната одлука

Гостиварпред 9 часа

Приведен 41 годишник во Гостивар

Македонијапред 11 часа

ССМ ги повика работниците на протест на 1 Мај: Да покажеме одлучност во борбата за подобри работнички права

Гостиварпред 13 часа

Чествување на Цветници во Гостивар: Да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината!

Занимливостипред 14 часа

Сепак, може да има чудна врска помеѓу менструалниот и лунарниот циклус

Здравје и убавинапред 15 часа

Зачини кои можат да помогнат во работата на вашиот мозок

Вестипред 16 часа

Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

Магазинпред 1 ден

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена