Вести
Гостивар: Раскинал со девојката, па ги злоупотребувал нејзините фотографии
Во Полициската станица во Гостивар, 46-годишен жител на гостиварска Горна Бањица пријавил случај на злоупотреба на лични податоци. Во пријавата навел дека лице од Долна Бањица, кој претходно бил во љубовна врска со неговата малолетна ќерка, по раскинувањето започнал да испраќа фотографии со контроверзна еротска содржина на нивни роднини, пријатели и на самите родители. Фотографиите ги испраќал од својот компјутер и од мобилен телефон. Инаку, контроверзните фотографии ги добил од девојката додека биле во врска.
Од полицијата соопштуваат дека работат на целосно расветлување на пријавеното и апелираат до граѓаните да бидат внимателни какви податоци, фотографии и слично споделуваат на интернет со оглед на тоа што многу лесно може да станат жртва на злоупотреба.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот