Поврзи се со нас

Вести

Кражби Гостивар: Чувајте си ги парите и златото и од најблиските

Објавено

на

 

За период од девет месеци во гостиварскиот регион се случиле 166 тешки кражби, покажуваат податоците од СВР Тетово. Најголемиот дел од нив биле во куќи и станови, а имало и по некоја низ продавници, на автомобили и друго.

„Најчесто тешките кражби биле извршени со насилно отворање на влезните врати или прозорците во подрумски простории, на приземјата од објектите или со влегување низ незаклучени врати. Најпривлечен плен за крадците и годинава се златен накит и пари, но биле одземани и телевизори, часовници, мобилни телефони, бижутерија. Најмногу од кражбите се случиле во доцните вечерни часови и при отсуство на сопствениците на објектите, а дел од нив биле и во време кога домашните спиеле во други простории, па дури и во истите во кои „оперирале“ крадците“, стои во анализата на полицијата.

Надлежните како карактеристично ја издвојуваат појавата на извесен број тешки кражби, во кои сторители биле најблиски на сопствениците, односно членови на семејството кои најчесто краделе златен накит или пари.

Од почетокот на годината заклучно со септември на поширокото гостиварско подрачје биле регистрирани и кражби на електрична енергија, на велосипеди, на дрва за огрев и друго.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена