Поврзи се со нас

Деца Родители

Прилагодување во бракот: Партнерите не треба да се идеализираат

Објавено

на

 

Секој човек самиот решава што му е важно кај партнерот. Со внимателно слушање и набљудување, може да се открие какви се неговите очекувања. Голема е веројатноста дека голем број на очекувања ќе бидат исполнети доколку се тие очекувања се реални, а однесувањето на партнерот –зрело.

Вљубеноста е една од основите на бракот, но вљубеноста е минлива состојба и доколку не постои реална основа за брак има малку изгледи бракот да опстане. Ако партнерите меѓу себе се идеализираат и доколку не се доживуват со мани и недостатоци, потешко ќе остварат квалитетен однос. Само емотивно зрела личност може вистински да сака и да го прифати партнерот без ограничувања.

Кога постојат вистински чувства и кога партнерите меѓу себе имаат полна доверба, нема потреба да има стравување дека ќе се загуби некои индивидуално право или некој ќе се најде во подредена положба. Во фазата на вљубеност младите живеат во сопствен, имагинарен свет. Сепак соочувањето со реалноста е неминовно. Во нивниот живот мора да има место и за други лица, особено за нивните деца откако ќе станат родители. Единствено зрели личности вљубеноста може да ја претворат во љубов, што подразбира полна одговорност за постапките, прифаќајќи ги позитивните и негативните последици од одлуките.

Квалитетот и стилот на живеење во двојка почнува да се обликува уште во првите месеци на заедничкиот живот. Повеќето млади на почетокот од брачната заедница имаат потешкотии во прилагодувањето, не само поради различните карактери, туку и поради различните информации за некои подрачја од животот во заедницата.

Во брачната заедница е неминовна потребата за прифаќање на новите улоги, формирање и усогласување на навиките. Исто така се учи толеранција и разбирање, заедничко планирање на потомството и многу други нешта. Покрај взаемното прилагодување, партнерите ќе се соочат и со потребата повторно да ги дефинираат своите вредносни ставови.

Прилгодувањето на заедничкиот живот почнува и преку навидум неважни ситуации бидејќи се работи за две личности кои дотогаш живееле и се разивале одвоено. Затоа почетокот е прилично тежок и подразбира да се прифати нова улога: улога на маж и жена.

Заедницата е хармонична и поусогласена доколку постојаат помали разлики во сфаќањето на улогите. Јасната и отворена комуникација ќе помогне да се доближат ставовите на новите улоги. Разбирањето меѓу партнерите значи и добро меѓусебно познавање, а тоа е особина која се развива. Потребно е да се биде реален и одговорен во прифаќање на личните улоги меѓу партнерите, но и новите улоги кон роднините, соседите, пријателите и колегите.

( Следува –  Прилагодивање на партнерите за живеење во поширок семеен систем)

 

пишува: м-р Слаѓана Анѓелкоска, психолог

Советувалиште за брак и семејство

Центар за социјална работа Гостивар

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Магазинпред 4 часа

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 6 часа

Гостивар-Средношколци ги измерија знаењата во Прва помош

Гостиварпред 9 часа

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Македонијапред 11 часа

Промовирана новата генерација полициски службеници, 416 мажи и 92 жени

Македонијапред 13 часа

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу деца од 10 до 14 години

Македонијапред 14 часа

Околу 500 кг. ѓубре годишно по жител во Македонија

Македонијапред 15 часа

АХВ: Отповикан небезбеден сладолед, тие што го купиле да не го конзумираат и да го вратат

Македонијапред 17 часа

Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи осигурувањето за регистрација на возилата

Вестипред 17 часа

Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена