Поврзи се со нас

Деца Родители

Прилагодување: Бракот подразбира прифаќање и на родителите и роднините на партнерот

Објавено

на

При стапување во брак партнерите треба да бидат свесни дека потекнуваат од семејства кои по многу нешта се разликуваат. Откривањето на разликите е реален предизвик, но само нивното прифаќање овозможува врската да прерасне во сериозен однос.

Партнерот се прифаќа како личност со намера со него да се помине цел живот и да се формира заедничко потомство. Процесот на осамостојување на секоја индивидуа треба да заврши пред стапување во брак. Бракот подразбира и прифаќање на родителите, на роднините и на пријателите на партнерот. Обемот на нивното мешање ќе зависи од зрелоста на самиот партнер, но делумно и од други фактори меѓу кои и економската зависност од родителите и животот во заедницата.

Поширокото семејство може да пружи несебична помош и поддршка, може да биде пасивно и дистанцирано. Постојат ситуации кога најблиските сакаат  да остварат поголемо влијание во бракот на своите деца. Има родители кои не може да се ослободат од потребата непрекинато да ги советуваат и штитат нивните веќе возрасни деца.

Родителот не може засекогаш да го задржи своето потомство. Неговата помош ќе биде целисходна доколку е реална и добронамерна и без страв дека со неа ќе ја загуби неговата љубов. Одговорни и посветени родители воспитуваат среќни деца чие осамостојување ќе го доживуваат колку со радост толку и со гордост.

Живеењето во заедница има свои предности. Доколку се внимава да не се развие или продолжи преголема зависност од ставовите на родителите, постојат многу аргументи што даваат предност на ваквиот начин на живеење:

  • Во заедница има повеќе членови, што е претпоставка за поголем извор на приходи
  • Меѓу повеќе лица се распределуваат секојдневните обврски
  • Меѓусебе се помагаат во тешки ситуации
  • Непосредно ги споделуваат среќните моменти

Доколку реално се прифати ваквата ситуација, со меѓусебно почитување и уважување, брачните партнери полесно ќе побараат совет, помош или поддршка од своите родители. Со нивното искуство реално може  да се очекува да се збогатат вредностите на нивниот живот или стандардот на живеење. Со засновањето на бракот пожелно е партнерите недвосмислено да ја прифатат заедницата како самостоен систем, со сопствени развојни фази и начини на решавање на тешкотиите.

Кога партнерите емотивно се здрави и зрели луѓе, ќе изнајдат начин и модалитети да го заштитат својот брак од претерани влијанија, но истовремено не исклучувајќи ги и негувајќи ги односите со поширокото семејство.

(следува Стил и квалитет на живеење)

пишува: м-р Слаѓана Ангелкоска, психолог
Советувалиште за брак и семејство,
Центар за социјална работа – Гостивар

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 10 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 14 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 15 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 16 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 18 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 19 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 20 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 21 час

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена