Вести
Кеј Вардар: Подрумите и гаражите под вода, над 30 семејства без струја
Обилните врнежи кои во Гостивар не престанаа преку цела ноќ, им создадоа маки на жителите од ул„Кеј Вардар“. Гаражите им се поплавени, подрумите полни со вода каде дождот стигнал и до електричното броило, па било неопходно да се исклучи струјата за цела зграда.
„Ова е проблем од пред 5-6 години. При секои пообилни врнежи ни се поплавуваат подрумите, гаражите. Сме се обраќале до општина и до Комуналец, но топката само се префрла. Канализацијата се затнува и ние сега сме опколени со вода. Не може да кажеме дека ова е проблем од оваа власт или од претходната, не сакаме да се политизира случајот, но бараме да се реши“, вели Слободан Тасески, станар.
Неговите комшивки јавно прашуваат како и со што да ги згреат домовите, кога дрвата во подрумите им се под вода, а струјата исклучена. „Ни во подрум можеме да земеме дрва, ни со струја да се грееме, ова е катастрофа. Како вештачко езеро пред гаражите“, реагира Вилдан Јашари, станарка.
„Ако не се исклучеше навреме струјата ќе се кренеше зградата во воздух. И сега што да правиме ние? Никого мува не го лази, само не препраќаат од едно на друго место“, вели Тодорка Тримческа.
Жителите бараат проблемот долгорочно да се реши, односно да биде поставена соодветна канализација. „Постоечката канализација веќе нема капацитет, затоа што во последните години тука се изградени нови објекти и куќи.“објаснуваат граѓаните.
Во зградата на ул“Кеј Вардар“ живеат над 30 семејства кои стравуваат како ќе го поминат викендот, ако се земат во предвид најавите за продолжување на врнежите.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница