Поврзи се со нас

Вести

Изложба на гостиварскиот уметник Бурхан Ахмети во Скопје

Објавено

на

 

Синоќа во националната галерија Чифте амам во Скопје беше отворена самостојна изложба на гостиварскиот ликовен уметник Бурхан Ахмети. Пред публиката се изложени графики и дела изработени во комбинирана техника на платно.

– Делата на Бурхан Ахмети се карактеризираат со изворна афирмација на сложените графички техники, како сува игла, акватинта, линорез, литографија, дрворез, бакрорез, монотипии, па сè до дигиталната графичка дисциплина, како и со нагласена интелектуалност во пристапот кон визуелната уметност, оцени кустосот Татјана Бундалевска, од Националната галерија на Македонија.

Делата кои се дел од изложбата на посетителите ќе им ја доловат убавината на индивидуалното уметничко дело, традицијата, луѓето, нивните социјални врски, нивните очекувања и копнежи.

Бурхан Ахмети е роден на 18 август 1978 година во гостиварското село Дебреше. Член е на ДЛУМ, добитник неколку награди, учесник на околу стотина ликовни колонии, има реализирано многубројни самостојни и групни изложби. Изложбата во Чифте амам ќе биде отворена до 17 декември.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена