Поврзи се со нас

Гостиарски

(2) ОДГОВАРААТ: Соња Дамјановска, Александар Тодоровиќ, Христос Елинидис

Објавено

на

Соња Дамјановска, советник

Соња Дамјановска, советник во Советот на општина Гостивар

„Годинава што изминува дефинитивно беше година на промени. Влеговме во еден ритам, магичен круг, следевме актуелности. Постојано имаше неизвесности. Година која ми донесе голем животен предизвик, местото на советник во Советот на општина Гостивар, што воедно е и голема одговорност. На приватен план ќе ја паметам како година во која станав мајка на студент. Како период, потсетник дека љубовта и поддршката од најблиските се од витално значење во тешките моменти“.

„Одамна никој не ме прашал што сакам за новата година, а убаво би ми дошла некоја книга како изненадување под елката. Убавината на новогодишните празници е во магијата на споделувањето среќа, а таа се шири со насмевки и убави зборови, на тоа не треба да штедиме. Би сакала новата година да биде еден нов почеток. Да ја разбудиме емпатијата во нас. Наместо да бараме разлики да ги воочиме сличностите, да и направиме простор на толеранцијата. Да живееме малку порелаксиран живот во кој ќе споделуваме идеи, наместо да ги коментираме дневнополитичките случувања. Да успееме да се справиме со стереотипите, да овозможиме еднакви можности за нашите деца. Среќна и успешна година Ви посакувам!“

 

Александар Тодоровиќ, КК Гостивар

Александар Тодоровиќ, кошаркар на КК Гостивар

Годината 2017 ќе ја паметам по многу убави работи и на личен и на професионален план. Покрај тоа што го направив најголемиот и најважен чекор во животот се оженив. Оваа година ќе го обележи и моето доаѓање во Гостивар, каде запознав прекрасни луѓе.

Во Новата година посакувам здравје пред се, а останато само ќе си дојде.

 

 

 

 

Христос Елинидис, музичар

Христос Еленидис – Рус, музичар 

“Јас ќе ја паметам како јубилејна за моите 50 години и учеството во емисијата Никад није касно, за освојувањето на прво место по СМС гласовите. За тоа одговорен виновник беше мојата ќерка Александра која ме пријави во натпреварувањето”.

“Што би сакал да посакам за Нова Година… Тоа е здравје, мир и многу љубов за сите луѓе во светот и нормално за моите најблиски”.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 часа

Ново раководство на Клубот на млади на Црвен Крст-Гостивар

Занимливостипред 7 часа

Црната боја – признак за привлечност, интелигенција, самодоверба, црвената асоцира на ароганција

Гостиварпред 9 часа

Во ОВР Гостивар пријавен напад од основец врз соученик во двор на училиште

Гостиварпред 11 часа

На пазарот во Гостивар „од пиле млеко“ – Цените намалени, торбите пополни

Избори 2024пред 12 часа

ДИК прифати 6 приговори во Петтата изборна единица и еден во Шестата

Македонијапред 12 часа

Пендаровски се откажа од државна пензија, ќе има канцеларија со тројца вработени

Гостиварпред 14 часа

Две лица нападнати од кучиња скитници во Гостивар

Македонијапред 14 часа

Граѓаните за онлајн шопинг лани потрошиле 573,4 милиони евра

Технологијапред 15 часа

Надграден ChatGPT-Побрз, зборлест, па дури и флертува, ама се‘ уште греши

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена