Вести
Фитнес шампионот од Гостивар на средба со градоначалникот
Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, во својот кабинет го прими фитнес шампионот на Македонија, Лабинот Солејмани, млад гостиварец прогласен за победник на македонското првенство “Men’s physic” во категорија до 23 години.
Солејмани, во придружба на професорот по физичко образование Бејтула Камбери, му се заблагодари на градоначалникот за гостопримството и почитта кон спортистите и спортските активности.
„Чест ми е што остварувам средба со младиот успешен шампион. Како градоначалник давам безрезервна поддршка на сите оние кои со постигнатите резултати, достоинствено го претставуваат градот Гостивар и нашата земја. На Лабинот му посакувам уште поголеми успеси во неговата кариера и го уверувам дека ќе ја има мојата и поддршката на општината“, рече градоначалникот.
Лабинот Солејмани има 21 година и како фитнес шампион ја претставувал Македонија на меѓународен натпревар во Мадрид, Шпанија.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок