Вести
Ќе се гради ли катна гаража во Гостивар?
Недостигот од паркинг простор во Гостивар постои години наназад. Постоечките капацитети не се доволни да ги задоволат потребите на граѓаните кои секојдневно користат автомобили. Голем дел од станбените згради немаат свои паркинзи, па граѓаните ги оставаат возилата на улица, а проблемот добива поголема димензија во деновите кога иселениците престојуваат во родниот крај.
Јавното претпријатие за паркинг и зеленило располага со капацитет од околу 650 паркинг места со зонско паркирање и паркиралишта од затворен тип. Но, тие се малку за градот.
„Изградбата на катна гаража ќе го среди проблемот со недостигот од паркинг. Секако тоа е една голема инвестиција, но ние се надеваме, оваа година барем да се започне со изградба. Се разгледува можноста ваков проект да се реализира преку моделот на јавно-приватно партнерство“, вели Музафер Зулбеари, директор на ЈП за паркинзи и зеленило.
Во периодот кога се дојдени печалбарите вообичаено расте и обемот на работа за претпријатието. Нивните пресметки покажуваат дека бројот на СМС пораки преку кои се врши плаќање за зонското паркирање актуелно е зголемен за околу 40%.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!