Поврзи се со нас

Вести

Општината со прес за злоупотреби – ДУИ со реакција за политички реваншизам врз административци

Објавено

на

Општинската власт на Гостивар и овој четврток со нов прес ја продолжи кампањата „Вистината за ДУИ“. Портпаролот Јасин Демири изнесе ревизиски извештаи со обвинувања за злоупотреби со снабдување со гориво за службените возила на општината и трошоци без покритие на ЈП “Хигиена“ – Чегране, во времето на претходното раководство.

„За периодот 2014-2017 година, внатрешната ревизија утврди дека зa возила во сопственост на Општина Гостивар,  потрошени се 5.089.907 денари. Ако анализираме кои возила со какво гориво се снабдувале, сигурно ќе се зачудат и самите конструктори. Возила кои трошат бензин, се снабдувале со дизел, додека оние кои трошат дизел гориво, се снабдувале со бензин. Ова, се разбира, е измама и можеме да претпоставиме дека со пари на граѓаните се снабдувале партиски послушници и партиски војници. Внатрешната ревизија покажува дека во ист ден, општинските службени возила се полнеле по три пати“, рече Демири.

Во однос на ЈП„Хигина“ – Чегране портпаролот изјави дека ревизијата покажала неосновани и сомнителни трошоци за надоместоци за прекувремена работа, патувања во  странство и друго.

Огранокот на ДУИ пак во Гостивар со соопштение реагираше на нови случаи на преместување на административци од општинската зграда во објектот на ЈП „Комуналец“ . „На 14 февруари, по наредба на градоначалникот преместени се нови тројца вработени. Со тоа вкупната бројка на административци кои се „протерани“ во Комуналец од политички мотиви, стигна до 20. И сето тоа се случува во време кога администрацијата се полни со политички војници. Целта на ова е Таравари и неговите соработници да имаат одврзани раце, да прават што сакаат далеку од очите на јавноста.“, наведуваат од ДУИ.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 1 час

Пролетен тренд-Лакови за нокти во посветли нијанси

ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Близу 60% граѓаните ќе гласаат на изборите – кампањата не влијаела на нивната одлука

Гостиварпред 5 часа

Приведен 41 годишник во Гостивар

Македонијапред 7 часа

ССМ ги повика работниците на протест на 1 Мај: Да покажеме одлучност во борбата за подобри работнички права

Гостиварпред 9 часа

Чествување на Цветници во Гостивар: Да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината!

Занимливостипред 10 часа

Сепак, може да има чудна врска помеѓу менструалниот и лунарниот циклус

Здравје и убавинапред 11 часа

Зачини кои можат да помогнат во работата на вашиот мозок

Вестипред 12 часа

Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

Магазинпред 23 часа

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена