Поврзи се со нас

Вести

Кривична за полицаец од Гостивар – фалсификувал купопродажен договор за возило

Објавено

на

Полицаец од станицата во Гостивар изготвил лажен купопродажен договор за возило, наводно купено во Швајцарија, а документите ги приложил во барање за регистрација и возилото го регистрирал без условот за ЕУРО 4 стандардот.

Од МВР соопштија дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична против 44-годишниот Г.М. од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“ и против 54-годишниот И.У. од село Беловиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во врска со „употреба на исправа со невистинита содржина“.

Во текот на 2015 година, Г.М. полициски службеник во Полициската станица Гостивар, изготвил лажен договор за купопродажба на возило “Пежо 206” со гостиварски регистарски ознаки, склучен во Швајцарија помеѓу И.У. како купувач и Б.С. како продавач, и покрај тоа што знаел дека И.У. не бил во Швајцарија, ниту купил возило во наведената земја. После тоа, Г.М., во Бирото за метрологија при Министерството за економија, приложил потврда за пријавен престој во Косово на име на И.У., а содржината претходно ја изменил.  После тоа, документите ги приложил во барањето за регистрација во Отсекот за управни работи при Полициската станица Гостивар. По ова, на 10 април 2015 година Г.М. извршил регистрација на наведеното возило, и покрај тоа што истото не ги исполнувало ЕУРО 4 стандардите.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена