Поврзи се со нас

Вести

Таравари бара МВР и ЈО да преземат мерки за инцидентот во гимназијата, а Дескоска да го разреши директорот

Објавено

на

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари побара Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство да го решат случајот регистриран во гостиварската гимназија во петокот во кој беа повредени двајца професори и да преземат соодветни мерки.

„МВР и ЈО да преземат конкретни чекори. Јас сум сигурен дека доколку напаѓачите беа активисти на Алијанса за Албанците до сега ќе беа во затвор, додека двајцата активисти на ДУИ кои го извршија нападот во петокот, денес слободно се шетаат низ градот и се закана за повеќето граѓани во Гостивар. Се надевам дека министерката за образование ќе го разреши директорот на гимназијата бидејќи главниот организаотр на целиот овој настан е тој. Директорот најверојатно ги повикал двајцата вооружени кои влегоа во гимназија и ги нападнаа професорите“, рече градоначалникот.

Таравари изјави дека двајцата професори завршиле на клиниките во Скопје, а едниот од нив бил задржан на натамошно лекување.

„Сакам да верувам дека државата е иста и законот е ист за сите граѓани, се надевам дека тие што го направија тоа во петокот, ќе одговараат пред суд и ќе бидат затворени што побрзо за власта да покаже дека не е толерантна кон криминалците икон оние што ја злоупотребуваат службената положба. Оливер Спасовски често е гледан во Гостивар како се шета токму со такви луѓе кои носат пиштоли и секакви оружја со себе. Доколку државата продолжува да ги штити тие што се однесуваат како бандити, нема да имаме напредок“, изјави Таравари додавајќи дека проблемите во училиштата во Гостивар се последица на одлуката на Министерството за образование да ги одземе  надлежностите на општината.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 часа

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Македонијапред 3 часа

Промовирана новата генерација полициски службеници, 416 мажи и 92 жени

Македонијапред 6 часа

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу деца од 10 до 14 години

Македонијапред 7 часа

Околу 500 кг. ѓубре годишно по жител во Македонија

Македонијапред 7 часа

АХВ: Отповикан небезбеден сладолед, тие што го купиле да не го конзумираат и да го вратат

Македонијапред 9 часа

Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи осигурувањето за регистрација на возилата

Вестипред 10 часа

Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

Гостиварпред 23 часа

Гостивар во слава на 5 Мај: Да ни е жив и вековит македонскиот јазик!

Македонијапред 1 ден

Денарот слави 32 роденден

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена