Вести
Први награди на неколку натпревари за гостиварските гимназијалци
Гостиварската гимназија информира за успеси на нивни ученици постигнати на неколку различни натпревари, изминатиот викенд.
На државниот натревар во Народна Техника кој се одржа во Струмица, прво место освои ученичката Ангела Трифуноска, под менторство на професорката Ирина Нофитоска. Ангела победи во конкуренција на 15 натпреварувачи во областа на применета математика, со темата „Примена на математиката во криптографијата-Енигма код“.
На регионалниот натпревар по македонски јазик во Тетово, ученичката Кристина Јованоска од втора година, под менторство на професорката Ема Неделковска, освои прва награда за мајчин јазик, додека Сабрина Мингарова, исто така од втора година, под менторство на професорката Симона Андриевска, ја освои првата награда за немајчин јазик. Кај учениците од трета година Цветанка Мисајловска, под менторство на професорката Билјана Атанасовска, освои прва награда за мајчин јазик, а ученичката Хана Хасаница, под ментроство на професорката Ема Неделковска, прва награда за немајчин јазик.
На регионалниот натпревар по англиски јазик, кој се одржа во Гостивар. во категоријата за средни училишта првото место го освои гимназијалката Фјола Зендели, под менторство на професорката Блерима Амети.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница