Поврзи се со нас

Вести

НБРМ објаснува што со книжните 10-ки и 50-ки после 15 мај

Објавено

на

Народна Банка на Македонија денес излезе со соопштение во кое има објаснувања на неколку прашања врзани со официјалното пуштање во оптек на новите полимерни банкноти од 10 и 50 денари, на 15 мај.

„Од денот на влегувањето во оптек на полимерните банкноти, книжните веќе нема да бидат законско средство за плаќање. Но, доколку ги поседувате и на 15 мај, нив ќе можете бесплатно да ги замените за други банкноти или ковани пари во еквивалентен износ. При замената не мора да добиете исклучиво полимерни банкноти, туку може да добиете и ковани пари или, пак, книжни банкноти со апоенска вредност поголема од 50 денари доколку вкупниот износ на вашите книжни банкноти е најмалку 100 денари. Од 15 мај годинава до 15 мај следната година, ќе можете да ја извршите замената во деловните банки во Република Македонија. Доколку и по 15 мај следната година поседувате книжни банкноти во апоенска вредност од 10 или 50 денари, ќе можете да ја извршите замената исклучиво во Народната банка на Република Македонија.“, информира НБРМ.

Кованите пари од 10 и 50 денари и натаму остануваат законско средство за плаќање. Со полимерните банкноти ќе може да се вршат готовински плаќања преку автоматите за наплата, откако фирмите коишто ги инсталираат овие автомати ќе ги приспособат нивните софтвери за да ги препознаваат карактеристиките и заштитните елементи на полимерните банкноти во апоенска вредност од 10 и 50 денари.

 

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 2 часа

Љупчо Палевски Палчо спроведен во Истражниот затвор во Шутка

Занимливостипред 5 часа

Како да ја одберете вистинската книга за читање?

Вестипред 7 часа

Словачкиот премиер Фицо во животозагрозувачка состојба откако беше пукано во него

Македонијапред 8 часа

Велковски: Сeкое дете ќе добие Европска детска гаранција

Македонијапред 9 часа

Самит Македонија 2025: Дијаспората подава рака, неопходно е искоренување на корупцијата и стабилни институции

Македонијапред 10 часа

Жителите на Македонија внесуваат 2,4 пати повеќе сол од препорачаното

Македонијапред 11 часа

Средба Азески-Бехтел и Енка: Максимално вклучување на домашните компании во изградбата на коридорите 8 и 10д

Гостиварпред 12 часа

Неовластено снимен разговор со гостиварец завршил на социјални мрежи

Деца Родителипред 15 часа

Семејство-најмалиот, а најважен градежен блок во општеството!

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена