Магазин
Зошто често не можеме да се сетиме на нечии лица?
Студија направена во Шпанија ја поврзува тежината на новороденчето со способноста да се присети на нечии лица подоцна во животот. Децата кои се раѓаат со тежина под просечната, можат да имаат оштетувања во делот на мозокот одговорен за визуелни информации.
Во екстремни случаеви може да дојде до пореметување, познато под името просопагносија, односно, неможност за препознавање лица. Луѓето кои патат од ова пореметување немаат проблеми со препознавање на други работи.
Оние кои страдаат од просопагносија не ги препознаваат пријателите, семејствата, па дури некогаш ни своето сопствено лице. Околу 2,5 отсто од популацијата е погодена од оваа болест до некој степен. Холивудскиот актер на пример, Бред Пит и комичарот Стивен Фрај се некои од познатите лица кои признале дека патат од вакво пореметување.
Д-р. Викторија Пуејо, педијатар од Шпанија, која ја водела оваа студија вели дека кај повеќето случаеви ефектот е мал, но може да доведе до проблеми во социјални ситуации. Таквите деца имаат потешкотии во многу активности, не ги препознаваат пријателите во училиште. Тешко им е во толпа да си ги пронајдат родителите или да интерпретираат изрази на лица.
На деца на возраст од 5 до 15 години им биле покажувани слики од лица и им била означувана нивната способност да ги препознаат. Децата кои биле родени предвремено и имале мала тежина препознавале само две до три покажани лица.
Многу од овие потешкотии остануваат незабележани додека децата се мали, но во подоцнежниот живот ова пореметување бара зголемен напор и предизвикува поголеми тешкотии во справувањето со секојдневниот живот.
во соработка со e nauka
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ