Вести
Учениците јадат премногу чипс и брза храна – Полуматурантите од ОУ „Гоце Делчев“ со кампања за здрава исхрана
НЕ за брзата храна и газираните пијалоци. ДА за повеќе овошје и зеленчук и развивање здрави животни навики. Ова се целите на кампањата која ја покренаа полуматурантите во ОУ„Гоце Делчев“ во Гостивар. Тие пред учениците од другите одделенија одржаа предавање и презентација за значењето на исхраната за здравјето на организамот.
„Објаснивме што значи киселост на организмот и како да се направи баланс во исхраната со внесување на барем 60% алкална храна наспроти киселата која е премногу застапена на менито кај учениците, а е штетна. Поразително е што нашата анкета покажа дека учениците често јадат чипс, хамбургери, пијат газирани пијалоци, едноставно немаат здрави навики. Затоа сакаме да ги информираме колку тоа штетно влијае врз нивното здравје и да им презентираме каква храна треба да имаат на секојдневното мени“, велат организаторите на кампањата.
На предавањето исто така беше претставено како треба да изгледа идеалната училишна менза каде децата би добивале здрави оброци кои ги содржат сите неопходни хранливи материи.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ