Култура
„Литературни искри“ го претворија Гостивар во град на поезијата – Еве ги имињата на наградените поети
Гостивар денес беше домаќин на поетите финалисти од петтото издание на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ што се одржа во Центарот за култура АСНОМ. Гран При наградата годинава ја доби Цветанче Костоска од Крушево, дипломиран компаратист на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Првото место му припадна на Давор Крстевски од Куманово, второто го освои Александар Михајловиќ од Гостивар, а третото Жаклина Свеќаровска од Кочани.
За најдобар странски автор на овогодинешниот фестивал беше прогласена Катја Вангелова од Бугарија. Србинот Владимир Милојковиќ пак, доби посебно признание за странски автор финалист. Наградата за најуспешна млада искра, годинава ја понесе 17-годишната Теофила Поп Димитрова од Штип.
На наградените автори им беа доделени плакети и книги. Останатите поети кои влегоа во финалето, добија дипломи.
Пред присутните гости и публиката беше промовирана и заедничката збирка во која се застапени 30-тина поети, селектирани според оценките на жири комисијата, која годинава беше во состав, претседател: Раде Силјан, поет, литературен критичар, есеист, член на ДПМ и членовите: Габриела Петроска, професор по македонски јазик, лектор и Васфије Билали Ејупи, професор по албански јазик.
Во музичкиот дел од програмата на манифестацијата настапија: Михаела Антеска, Елизабета Ефтоска и Никола Наумоски.
Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ во Гостивар се организира во чест на Денот на Сесловенските просветители, СВ.Кирил и Методиј. Годинава финансиски е поддржан од општина Гостивар и спонзори.
Gostivarpress.mk е медиумски партнер на манифестацијата.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!