Култура
Издадена заедничката збирка од поетскиот фестивал во Гостивар
Во пресрет на петтиот јубилеен Меѓународен поетски фестивал „Литературни искри“ што ќе се одржи во сабота во Гостивар, од печат излезе заедничката збирка на песни од поетите со најдобри оценки на конкурсот.
„Страниците на алманахот од годинешното издание на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ во Гостивар, се исполнети со стиховите што оставија најдлабок впечаток кај стручното жири кое и годинава имаше тешка задача – да оценува поезија. Од стотина пријавени автори на конкурсот за фестивалот, место во заедничката збирка обезбедија триесетина. Ова е збирка поезија која обединува автори од сите генерации, со различен поетски израз и сензибилитет, афирмирани и такви, чие време допрва доаѓа. Ни претставува чест што станаа дел од „Литературни искри“, поетски фестивал со оригинален концепт кој оваа година се радува на мал јубилеј, пет години постоење“, стои во воведниот дел од книгата.
Збирката, освен стихови го содржи и освртот од претседателот на жири комисијата на овогодинешниот фестивал, Раде Силјан. Книгата ќе биде промовирана на денот на манифестацијата, 26-ти мај во Центарот за култура АСНОМ во Гостивар со почеток во 12 часот
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар