Македонија
Христијаните одбележуваат Задушница во спомен на блиските кои се починати
Православните христијани според обичаите денот Задушница, го посветуваат на починатите од семејството, со посета на нивните вечни почивалишта. Црквата налага на гробот да се принесе пченица, лепче, вино, да се запали свеќа и да се повика свештеник со кој се споменуваат имињата на блиските покојни. Кај граѓаните останал обичај уште од минатото да се носи и раздаваат храна „за душа и покој“.
Утре, недела се празнува Педесетница (Духовден), 50 дена од Велигден. Празникот го означува слегувањето на Светиот Дух врз апостолите и се слави како празник на црквата. Празникот уште се вика и Света Тројца затоа што на едно место се јавуваат Таткото, Синот и Светиот Дух. Со одобрение на Богот-таткото се исполнило ветувањето на Богот-син, дадено пред апостолите дека ќе им го испрати Светиот Дух. Со слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, тие се исполниле со љубов кон Бога и со желба да го величаат. Овој чин се смета за основање на Христијанската црква.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница