Вести
Во Гостивар ќе се реактивира локалниот Совет за превенција
Полицијата, локалната самоуправа и другите релеватни институции во Гостивар го делат мислењето дека е потребно реактивирање на локалниот Совет за превенција. Ова тело, составено од претставници од повеќето јавни институции има задача да се посвети на справување со проблеми врзани околу безбедноста, девијантни појави, сообраќајот, елементарни непогоди и слично на територијата на општината. Совет за превенција беше формиран во 2012-та година, но по неколку години престана да функционира. Потребата од негово реактивирање беше истакната на минатонеделната средба меѓу градоначалникот Арбен Таравари и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
„Сметаме дека е добро да функционира Совет за превенција со членови од локалната самоуправа, полицијата, јавното обвинителство и други, кој би се занимавал со проблемите на подрачјето на Гостивар со цел тие да се превенираат“, изјави градоначалникот.
И според Спасовски, Советот би имал голем придонес за координирано дејствување во справувањето со проблемите од безбедносен карактер.
„Разговаравме да го активираме советот за превенција затоа што за градењето на јавната свест, превентивното делување е многу важно во справувањето и подигнувањето на нивото на безбедноста на еден град. Граѓаните треба да знаат дека институциите се тука и се подготвени да соработуваат во нивни интерес“, изјави министерот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница