Македонија
Од 7 до 23 илјади евра кредити од проектот за самовработување на млади
Агенцијата за вработување на Република Македонија го објави јавниот оглас од Проектот за самовработување со кредитирање наменет за млади невработени лица кои сакаат да започнат сопствен бизнис. Право на учество имаат сите евидентирани невработени млади лица до 29 години, без оглед на времетраењето на невработеноста.
Со овој проект може да се добијат 7.000 евра, а за секое новоотворено работно место дополнителни 1.000 евра, при што максималната сума може да достигне до 23.000 евра. Рок на враќање на средствата е седум години, односно период на отплата 66 месеци и грејс период од 18 месеци. Каматната стапка е од 1% на годишно ниво, а неопходно е сопствено учество од корисникот на кредитот од најмалку 25% од износот на бараниот кредит (во вид на опрема, предмети или пари).
Заинтересираните невработени лица барање за кредит можат да поднесат во работните клубови на Центрите за вработување, кадешто можат да добијат и детални информации за проектот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
1 Коментар