Македонија
Медицинските и стоматолошките сестри реагираат на пренатрупаност со работа и кратење на одмори
Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За Нас“ денес излезе со реакција во која се вели дека голем број од овој персонал во Македонија е незадоволен и револтиран од непрофесионалниот однос во институциите во кои работат.
„Медицинските сестри периодов се соочуваат со приморано користење на минимално законско ниво од 10 дена годишен одмор поради недостатокот на персонал во институциите. Работат дежурства и во смени со само еден ден слободен. Вишокот работни часови и работата во дежурства не се дефинирани дали ќе бидат исплатени по основ на дежурства, на ноќна работа или пак преку слободни денови за кои не се знае дали ќе може да ги искористат поради дефицитот. Голем дел од медицинските сестри се повикуваат да ги прекинат и веќе започнатите годишни одмори и да се вратат на работа. Правото на користење годишен одмор согласно сопствените потреби им е целосно оневозможено бидејќи дополнително се условени и во кој период истиот може да го искористат. Ситуацијата е алармантна бидејќи покрај малите плати и недоволно вреднуваниот труд на еден здравствен работник со средно, више и високо образование, сега незадоволството ќе расте и уште повеќе како производ на неможноста да си го искористат целосно правото на годишен одмор.“, стои во изјавата на сестра Горданка Бешлиовска, претседател на Здружението.
Од таму најавија дека за проблемите ќе го алармираат министерот за здравство Венко Филипче и јавно ќе ги повикаат надлежните институции да пронајдат соодветни решенија и да ги заштитат правата на оваа хумана професија.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ