Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Неколку начини за грижа за вашата тетоважа

Објавено

на

Без оглед на тоа дали имате мала тетоважа или вашето тело е покриено со цело уметничко дело, важна е редовната грижа и одржувањето на тетовираните делови од вашето тело. Водете се по ова упатство за нега за потполно за да ја заштитите вашата тетоважа.

Негувајте ја тетоважата

“Како што е важна негата на рани исто така важна е и негата за тетоважата, особено веднаш по тетовирањето. Користете Bepahten на секои 3 часа две недели по тетовирањето”, советува тату-уметникот Ри Харис.

Воздржете се од чешање

“Додека закрепнувате непосредно по тетовирањето, чувствувате чешање. Воздржете се од тоа бидејќи влијае на квалитетот на бојата на тетоважата. Дајте се од себе да не ја триете и чешате тетоважата и чешањето ќе помине само од себе”, објаснува сопственикот на Рокалили Катс, кој се наоѓа во Лондон.

Најголемиот непријател на тетоважите

Предрасудите на вашата мајка не се најголемиот непријател на вашата тетоважа туку тоа е сончевата светлина. Изложувањето на сонце придонесува вашата тетоважа да почне да бледнее, па така секогаш користете крем за заштита од сонце. Тетоважата ќе ви остане со години на вашето тело затоа грижејте се за неа.

Хидратирајте го тетовираниот дел од вашето тело

Драстичните промени во телесната тежина може да доведат до промена на вашата тетоважа. Промените на телото кај повеќето луѓе не влијаат на изгледот на тетоважата, но сепак кожата треба да биде соодветно хидрирана. Исто така избегнувајте ги диетите со јо-јо ефект бидејќи покачувањето и смалувањето на телесната тежина секако ќе влијае на вашата тетоважа.

Добро размислете за отстранување на тетоважата

Не сте задоволни со изгледот на вашата тетоважа или пак е стара и ви здосади? Сепак добро размислете пред да го направите чекорот за отстранување.

“Кога ќе ја отстраните тетоважата вашата кожа ќе добие сосема нов изглед. Отстранувањето на тетоважата ќе биде уште потешко ако е стара и бледа. Затоа добро размислете за можноста да ја освежите старата тетоважа со некои нови симболи”, предлага Ри Харис.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена