Поврзи се со нас

Вести

Надлежните со препораки за патувањето на аџилак – Задолжителна вакцинација и придружба на лекар

Објавено

на

Државниот санитарен и здравствен инспекторат излезе со препораки за граѓаните од исламска вероисповед, кои ќе патуваат во Саудиска Арабија на аџилак. Надлежните потсетуваат дека правилата кои треба да се испочитуваат произлегуваат од Законот за заштита на населението од заразните болести, неговите поздаконски акти и согласно меѓународните здравствени правила.

„Лицата кои патуваат на аџилак (масовни собири) во земји ризични на одредени заразни заболувања, можат да патуваат само организирано во групи не помали од 40 лица. Организаторот на патувањето должен е во придружба на секоја група, да обезбеди најмалку по еден лекар со соодветна медицинска опрема и лекови. Десет дена пред почетокот на патувањето да достави список на патници до ДСЗИ со податоци за година на раѓање, место и адреса на живеење, број на патна исправа, број на лична карта и да достави Извештај за патувањето до ДСЗИ со податоци за организаторот, денот на поаѓање и враќање, како и назначени гранични премини и земји низ кои ќе патуваат до Саудиска Арабија. Лицата кои патуваат на аџилак должни се да имаат обезбедено Меѓународно вакцинално уверение (жолта книшка) со доказ за извршена имунизација против менингоков менингит, во надлежен Центар за јавно здравје 10 дена пред заминувањето.“, информира ДЗСИ.

При нивното враќање од аџилак, на самиот граничен премин, лицата ќе бидат задолжени да се јават на здравствен надзор во надлежен Центар за јавно здравје.

Во Република Македонија единствени точки за влез и излез се Меѓународниот аеродром Скопје за патувања на масовни собири по воздушен пат и граничен премин Деве Баир, за патувања по сувоземен пат.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 4 часа

Како да препознаете фалсификат евро монета

Гостиварпред 6 часа

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година

Регионпред 11 часа

Објавени телефонски броеви за итни случаи за државјани на Македонија кои ќе летуваат во Албанија

Македонијапред 12 часа

Синдикален протест: Повисоки плати, трошоци за храна и превоз, 35-часовна работна недела…

Здравје и убавинапред 13 часа

Телото ви кажува ако прекумерно внесувате шеќер

Македонијапред 15 часа

Внимателно при палење оган на отворено, апел од ЦУК до граѓаните кои ќе прават првомајски излет во природа

Вестипред 16 часа

Меѓународен ден на трудот, симбол на борба за работнички права

Рецептипред 1 ден

Празничен рецепт – Велигденска погача за убава трпеза и вкусен залак

Македонијапред 1 ден

Меланом – најопасниот рак на кожа, може да се излечи ако се открие навреме

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена