Здравје и убавина
Како да се ослободите од здодевните мравки?
Надвор во природата, мравките се корисни и потребни за одржување на еколошка рамнотежа, но во домот стануваат вистински непријател на хигиената и чистотата.
Како да се ослободите од здодевните мравки? Најлесно и наједноставно е да се набави некој хемиски препарат од земјоделска аптека кој ефикасно ќе ги отстрани. Но, постојат и природни состојки, храна и слично кои ги имате дома, а можат да ви бидат од помош против мравките.
Краставици – малку е познато дека мравките не можат да го поднесат мирисот и вкусот на краставиците и бегаат со брзина на светлината од места кадешто го има овој зеленчук. Особено лушпата од краставиците, која за нив е отровна.
Оцет – ефикасен продукт кој секој од нас во секое време го има во кујната. Испрскајте мала количина кадешто се собираат мравките и со гаранција ќе ги снема.
Нане – исто така, нешто што вообичаено им се наоѓа на домаќинките при рака. На местата од кадешто влегуваат во просторијата поставете ситно суво нане, а работа може да заврши и вреќичка за чај.
Цимет – мравките мразат јак мирис, токму таков каков што има циметот.
Креда – или бебешка пудра
Нацртајте линија со креда или посипете бебешка пудра во прав на местото каде што мравките влегуваат во вашиот дом. Талкот што го содржат е отровен за мравките.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ