Вести
Жителите на Фазанерија 1 во Гостивар сами си прават забавен парк
Самоорганизирани на своја иницијатива и трошок, жителите на гостиварската населба Фазанерија 1, веќе подолг период се ангажирани околу изградбата на забавниот парк за најмладите од оваа населба. Местото ќе содржи нишалки, трамболина, клик-клак лулашки, кош, терен за кошарка, рефлектори и други забавни реквизити. Сите елементи искористени за изградба на паркот се финансирани и изработени од вештите раце на жителите на Фазанерија 1.„Скоро секој ден гледаме никнуваат игротеки финансирани од буџетот на општината во Гостивар и околните села. Намерно или ненамерно во овој дел на градот општината не презема ништо. Но, нашите најмлади нема да зависат од никого, ќе им обезбедиме забавен парк со сите потребни услови. Паркот ќе биде готов за некој ден и ќе биде отворен за сите дечиња од Гостивар“, велат жителите на Фазанерија 1.
Секој ден покрај редовните обврски во попладневните часови, во близина на старото фудбалско игралиште жителите на Фазанерија работат на изградбата на овој забавен парк. Како велат во план е да се уреди и делот околу паркот со зеленило со што ова запуштено место би прераснало во вистинско катче за уживање во вечерниот период.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ