Вести
Асани: Училиштата не се на Таравари, ни на директорите – мора да има соработка
На една недела пред почетокот на новата учебна година, директорот на средното техничко училиште во Гостивар, Ибраим Асани на прес конференција се пожали дека немањето на соработка со општината резултирало со низа проблеми кои ќе бидат на штета на учениците. Тој посочи дека се одолговлекува процедурата за ангажирање на нов наставнички кадар и дека општината не им излегува во пресрет за обезбедување пари за превоз на учениците.
„ За вработувања не можеме да добиеме согласност од општината, па принудени сме да одиме преку Министерството, поради што процедурата се одолговлекува. Имавме пример, кога чекавме три месеци, и тоа само за едно вработување. Сега се јавува потреба за нови ангажирања на професори, некои заминуваат во пензија и навистина стравувам дека може да се создаде голем проблем. Исто така, добивме известување од општината дека нема да ги подмири трошоците за транспортот на учениците. Претходно не` информираа дека можеме сами да отвориме тендер за превозот и ние тоа го направивме, а сега велат дека нема да обезбедат средства за тоа. Сепак, се работи за голема сума од 6 милиони денари, која училиштето не може само да ги покрие“, нагласи директорот.
Асани нформираше дека проблемот со плаќањето на струјата е надминат, откако општината пуштила пари за таа намена. „Без разлика кој е директор и кој е градоначалник, соработка мора да има. Училиштата не се на директорите, ниту на Таравари, туку се општински и треба непречено да функционираат, заради доброто на учениците“, изјави директорот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените