Вести
Зголемен бројот на првачиња во општина Маврово и Ростуше
Во училиштата на подрачјето на општина Маврово и Ростуше, новата учебна година започна за над 680 основци и средношколци. Годинава, се бележи пораст на бројот на првачиња. Запишани се 52, што е за десетина повеќе од лани.
„Надежта на нашата Општина е во младите и образовани кадри кои треба нашиот регион да го направат попросперитетно место со многу подобри услови за живеење. На сите вработени во училиштата им посакувам успешна работа, а на сите ученици пред се` здравје, успех и добри резултати во натамошното образование“, изјави градоначалникот Медат Куртовски, кој ги посети училиштата на првиот ден од новата учебна година.
Од општина Маврово и Ростуше информираа дека претходно биле извршени сите подготовки за непречено одвивање на наставата и подигнување на нивото на хигиена со темелна дезинфекција на просториите во училишните објекти.
Во Средното општинско училиште во Ростуше оваа година настава ќе следат 136 ученици, од кои 50 во прва година, додека во основните училишта има околу 550 ученици.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот