Култура
Клубот на млади поети во Гостивар ги отвора вратите за нови членови
Младите гостиварци кои го сакаат пишаниот збор, добиваат шанса да станат дел од Клубот на млади поети. Клубот ги отвори вратите за нови членови, а поканата важи за младите од 15 до 30 годишна возраст, кои пишуваат поезија и имаат желба да ја промовираат.
„Нашиот клуб има за цел да ги обедини младите кои ја сакаат поезијата, да ги поттикне да творат и да ги споделуваат своите пишани дела. Отворивме повик за нови членови и ги покануваме сите кои имаат талент за пишување да ни се придружат. За дополнители прашања можете да се обратите на Facebook страната Gostivar Youth Poets Club или на е-маил адреса: klub_mladipoeti@hotmail.com,“, вели Флоранда Мухареми, основач на клубот.
Поетскиот клуб функционира во рамки на Советот на млади на општина Гостивар и има мултиетнички концепт. Од неодамна започна со организирање на поетско читање „Проекции под исто небо“ еднаш месечно.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ