Поврзи се со нас

Култура

Проекции на неколку филмови во гостиварскиот Центар за култура

Објавено

на

Гостивар е еден од градовите во земјава, каде се одржува Неделата на македонски филмови, со  проекции на неколку филмски остварувања. Филмовите ќе се прикажуваат во Центарот за култура АСНОМ.

Утревечер (19 септември) со почеток во 19 часот ќе биде прикажан играниот филм „Височините“, во режија на Виктор Божинов, инспириран од истоимениот роман на Милен Русков, кој во 2016 година ја доби престижната награда Европски роман на годината. Филмот е во копродукција на Македонија и Бугарија. Приказната се случува во 1872 година и ги следи случувањата околу активностите на младиот револуционер по име Гичо.

Во четврток (20 септември), исто така со почеток во 19 часот, ќе се прикаже филмот „Скршено“, кој е албанско-македонска копродукција во режија на Едмонд Будина. Дејствието се врти околу Јани Буди, кој откако излегува од странски затвор, по 18 години се враќа во Албанија каде го очекуваат шокантни вести за неговата сопруга и синот.

Влезот за „Височините“ и „Скршено“ е бесплатен.

Во Центарот за култура ќе биде прикажан и филмот „Хотел Југославија“. Ова филмско остварување кое раскажува за култниот хотел, изграден во Белград во 1969 година во Гостивар игра на 26 септември со почеток во 19 часот. Влезницата за „Хотел Југославија“ чини 100 денари.

Како што информираа од Центарот за култура, филмските доживувања ќе продолжат и во октомври.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 11 часа

Како да препознаете фалсификат евро монета

Гостиварпред 12 часа

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година

Регионпред 17 часа

Објавени телефонски броеви за итни случаи за државјани на Македонија кои ќе летуваат во Албанија

Македонијапред 18 часа

Синдикален протест: Повисоки плати, трошоци за храна и превоз, 35-часовна работна недела…

Здравје и убавинапред 20 часа

Телото ви кажува ако прекумерно внесувате шеќер

Македонијапред 21 час

Внимателно при палење оган на отворено, апел од ЦУК до граѓаните кои ќе прават првомајски излет во природа

Вестипред 23 часа

Меѓународен ден на трудот, симбол на борба за работнички права

Рецептипред 1 ден

Празничен рецепт – Велигденска погача за убава трпеза и вкусен залак

Македонијапред 2 дена

Меланом – најопасниот рак на кожа, може да се излечи ако се открие навреме

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена