Референдум 2018
Трпевски: Недела е ден за историска одлука, да гласаме ЗА европска Македонија
Пратеникот од Гостивар од редовите на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Благојче Трпевски, придружуван од сопартијците од Општинската Организација на СДСМ, денес одржа прес преку кој ги повика граѓаните да излезат на гласање во недела и да го дадат својот глас ЗА на Референдумот.
„Во недела со соочуваме со историска одлука, сите заедно одлучуваме за нашата иднина и секој од вас треба да направи избор помеѓу изолацијата од минатото и иднината. Овој договор истовремено го потврдува нашиот македонски идентитет, ние сме Македонци и секогаш ќе бидеме Македонци, нашиот јазик, нашите граници, знаме и химна. Сите тие ќе бидат засекогаш потврдени и заштитени од целиот свет. Овој договор е гаранција за влез во Европската Унија и за влез во НАТО.
Должност ни е како родители, заради нашите деца, заради нашата Македонија, заради генерациите коишто доаѓаат, да излеземе и да гласаме ЗА европска Македонија. Да не чекаме уште 27 години. На 30-ти септември, иднината е во вашите раце и во вашиот глас. Вашиот избор пред гласачката кутија, ќе ја одлучи вашата иднина. Во недела не се седи дома. Недела е ден за историска одлука. Недела е ден за гласање. Што и да направиш во недела , ќе влијае врз иднината на твојот живот, на нашите деца, и врз иднината на државата. Сите заедно да излеземе во недела и да гласаме За европска Македонија. “, рече Трпевски.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот