Поврзи се со нас

Занимливости

Шест необични совети за поголем прилив на пари

Објавено

на

Ви носиме шест важни Фенг Шуи совети, кои ќе ви обезбедат поголем прилив на пари во вашиот дом

Донекаде изгледа чудно, дека со правилно поставување на работите низ домот и канцеларијата, може да се влијае на поголема заработка на пари. Според Фенг Шуи, тоа е многу важно.

Секојдневно гледате и забележувате разни работи чија енергија заедно со онаа, која ја носите во себе, може да направи чуда. Кога подобро ќе размислите и парите преставуваат еден вид на енергија, која често (не секогаш), носи добро расположение и ги прави луѓето да бидат задоволни.

Поентата е во тоа да создадете услови во кои без пречки во вашиот дом, ќе струи животната енергија, а со самото тоа ќе обезбедите сигурност и благосостојба.

Ви носиме шест важни совети, кои ќе ви обезбедат поголем прилив на пари во вашиот дом.

  1. Поправете се што се расипано, посебно славните и кровот, доколку тече

Според Фенг Шуи, водата означува две работи: пари и чувства. Зошто баш овие две работи? Па едноставно е: водата тече, а парите и чувствата се вид на енергија, која, како и водата, има свој тек. Поправете ги славините, ако од нив тече вода. Или кровот, кој протекол. Поправајќи ги работите во својот дом, ги поправате и работите во својот живот.

  1. Затворете го капакот од ВЦ школката

Тоалетот преставува голем „потрошувач“ на позитивната енергија. Водата од славината оди во одводот, а и пуштањето на водата во ВЦ школката троши значајни извори на енергија. Затоа, затворете го капакот од ВЦ школката, за да ја спречите енергијата да замине од вас.

  1. Уредете ја влезната врата

Многу е важно влезната врата да нагласува добро дојдовте. Тргнете ги сите непотребни работи, како: ѓубре, дрва, стари обувки, бидејќи тие ќе бидат пречка пред патот на позитивната енергија. Исто така, водете сметка ѕвончето на вратата да работи за да слушнете, кога некоја работна шанса ќе заѕвони на вратата. Адресата или бројот на станот, мора да бидат силно воочливи, за да енергијата побрзо, го најде патот до вашиот дом.

  1. Размислите за симболите

Кога ќе поминете низ влезната врата, што се наоѓа на левата страна од просторијата во која се наоѓате? По старото тибетанско учење, токму тој дел преставува важен дел за парите. Што се наоѓа таму? Дали работите се наместени уредно или се во хаос? Ако е се нафрлано и неорганизирано, можно е и вашите финансии да се во таква ситуација. Дали во тој дел се наоѓа куќна билка, којашто брзо напредува и воодушевува со мирисот? Тогаш очекувајте, дека и вашите финансии, исто така ќе напредуваат. За да енергијата и приливот на пари, бидат уште посигурни, на ѕидовите ставете слики од природата, дрва, водопади, чамци, реки или можеби коњи во природа. Секоја од овие слики, ја отсликува слободата, а со тоа ја повикува позитивната енергија во вашиот дом.

  1. Редовно одржувајте ја печката на дрва или каминот

Според Фенг Шуи учењето, печката на дрва симболизира богатство. Водете сметка, секогаш да биде чиста и редовно да го одржувате оџакот. На овој начин ќе го отворите патот на енергијата, која ќе овозможи повеќе деловни шанси, а со тоа и пари.

  1. Научете да ги цените парите

Откако ги направивте претходните пет чекори, време е да се „позанимавате“ со сопствениот однос кон парите. Можеби уште од вашето детство, имате искривено мислење за парите и богатите луѓе. Можеби мислите дека се неморални и дека парите ги стекнале на погрешен начин. Време е да го промените мислењето. Почнете да гледате на парите, како награда за добро дело, доброта, интелигенција и вложување во други. Без разлика дали трошите, штедите, добивате или давате пари, секогаш биде благодарни во животот. Вашиот оптимизам и позитивната енергија, ќе послужат како магнет за привлекување на пари.

 

 

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 часа

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Македонијапред 3 часа

Промовирана новата генерација полициски службеници, 416 мажи и 92 жени

Македонијапред 6 часа

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу деца од 10 до 14 години

Македонијапред 7 часа

Околу 500 кг. ѓубре годишно по жител во Македонија

Македонијапред 8 часа

АХВ: Отповикан небезбеден сладолед, тие што го купиле да не го конзумираат и да го вратат

Македонијапред 9 часа

Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи осигурувањето за регистрација на возилата

Вестипред 10 часа

Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

Гостиварпред 23 часа

Гостивар во слава на 5 Мај: Да ни е жив и вековит македонскиот јазик!

Македонијапред 1 ден

Денарот слави 32 роденден

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена