Вести
Самостојните уметници може да се пријавуваат за месечен надоместок од Министерството за култура
Министерството за култура на Република Македонија го објави Конкурсот за доделување на месечни надоместоци на самостојните уметници за 2019 година. На Kонкурсот може да се пријават самостојни уметници кои се регистрирани во Централниот регистар како трговец-поединец самостоен уметник за вршење уметничка дејност, во согласност со Законот за културата и со Законот за трговските друштва.
Како што наведуваат од Министерството, средства од Буџетот на Република Македонија, ќе бидат обезбедени за месечни надоместоци на самостојните уметници, за придонесите за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување и за персоналниот данок на доход.
Основни критериуми за доделување на месечниот надоместок на самостојниот уметник се уметничките вредности на неговото творештво и на неговите изведби и активности во текот на последните пет години.
Конкурсот целосно е објавен на веб-страницата на Министерството за култура www.kultura.gov.mk. и ќе трае до 14 декември.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот