Вести
Смирува СТРЕС, подигнува ИМУНИТЕТ, отстранува АКНИ – моќта на киселата зелка
Омилениот дел од зимницата во традиционалната кујна е секако киселата зелка. Не само што е вкусна и од неа се подготвуваат убави јадења, киселата зелка е и многу корисна за нашето здравје. Зошто?
Изобилува со калиум, железо, магнезиум, Ц витамин и други корисни елементи за организмот. Крие богатство од пиридоксин (витамин Б6), без кој протеините воопшто не би биле искористени. Исто така, е богат извор на нијацин (витамин Б3), кој е потребен за метаболизмот, енергијата и работата на мозокот. Го ослободува организмот од стрес, помага за зајакнување на коските, го регулира холестеролот во крвта и има улога за обнова на сврзното ткиво. Високата содржина на растителни влакна значи дека киселата зелка е многу добра за правилното варење на храната.
Во периодот на настинки и вируси, неопходно е да го подигнете имунитетот, а тоа може да го сторите со вметнување на киселата зелка на вашето секојдневно мени.
Лековитото дејство на киселата зелка може дополнително да се зголеми, со додавање на други намирници, како на пример листови од винова лоза, грозје, дуња, јаболка или анасон. Истиот ефект се постигнува и со зачините како зрна пипер, ким и слично.
Тоа што малку се знае е дека киселата зелка помага и во нега на кожата. Ги чисти и отвора порите, а може да помогне и во отстранување на акните. Употребата е едноставна: Облога од кисела зелка се чува на лицето (со избегнување на предел на очи) 10-тина минути, по што лицето се мие со чиста вода. Оваа постапка може да се прави еднаш неделно.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди