Вести
Пукна „сто и кусур“ во Младост – совладан Шкупи 115:62
Кошаркарите на КК Гостивар продолжуваат со убедливите игри. Вечерва во полната спортска сала Младост, ја совладаа екипата на Шкупи со 115:62, по четвртини (44:18, 20:20, 29:20, 22:4).
Се беше јасно после првата четвртина во која гостиварци влегоа фуриозно, за само 10 минути успеаа да запишат дури 44 поени, во остатокот од натпреварот гостите немаа никакви шанси. Разликата во квалитет и резултатската позитива ја искористи Србиноски давајќи им шанса на играчите со помала минутажа, кои не се штедеа на паркетот. Сите кошаркари кои добија шанса оставија одличен впечаток и успеаа да поентираат.
Титулата најдобар играч како да е резервирана за Џо Фурстингер и на овој меч беше најдобар на теренот. Запиша 22 поени, 8 скокови и 3 асистенции. Со неколку атрактивни забивања ја освои публиката која го награди со силен аплауз. Костоски имаше одличен процент за шут за три, постигна 18 поени. Ре.Димитриески запиша 17, Димче Тасоски 12 поени. По 11 поени постигнаа Ро.Димитриески и Сегариќ кој имаше и 9 асистенции. Зекири запиша 10 поени, Димитриески и Јанески по 6, Стефаноски заврши со 2 поени.
Кај гостите од Скопје најрасположен беше Ервин Цого кој постигна 15 поени.
После двата порази на почетокот на првенството КК Гостивар ги консолидира редовите, ја врати самодовербата со победите врз Фени и Блокотехна и вечерашниот триумф од +53 разлика ќе биде силен ветар во грб во понатамошниот дел од првенството за екипата која покажува дека има квалитет за високи дострели. Во следното коло „бело-сините“ му гостуваат на КК Вардар во Скопје.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ