Вести
Пријавен полицаец за прекумерна употреба на физичка сила врз момчиња од Врапчиште
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР работи на расчистување на случај по пријава за прекумерна употреба на физичка сила при полициска патрола во селото Топлица.
МВР наведува дека во саботата навечер околу 03.40 часот во Полициската станица во Гостивар, деветнаесетгодишниот Ј.Р. заедно со седумнаесетгодишниот Ј.Ј. , двајцата од Врапчиште, и неговиот родител Ш.Р. на возраст од 43 години, пријавиле дека истиот ден околу 00,15 часот во селото Топлица, во близина на бензиската пумпа, додека управувал патничко моторно возило „Опел Кадет“ со српска национална ознака во возилото со него биле лицата Ј.Ј., Ш.М. и Е.Б., забележал полициска патрола, но поради тоа што немал возачка дозвола, за да ја избегне полициската контрола свртел со возилото во правец на Врапчиште.
„По возилото се упатила полициската патрола и со пуштено ротационо светло се движеле позади нив, но пријавителот не застанал туку продолжил да се движи кон Топлица, каде застанал во близина на основното училиште. Тогаш од полициското возило излегле тројца полициски службеници. Полицискиот службеник Ј.Ј. вработен во Полициско одделение Галате при преземањето на службени дејствија ги пречекорил границите на службеното овластување и употребил прекумерна физичка сила удирајќи ги Ј.Р. Ј.Ј., Е.В. и Ш.М., сите од Општина Врапчиште. Известен е јавен обвинител, како и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР и се преземаат мерки за расчистување на случајот.“, стои во соопштението.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
1 Коментар