Поврзи се со нас

Македонија

Штрајк со глад во затворот Идризово, 600 затвореници бараат амнестија

Објавено

на

Затворската менза во затворот „Идризово„ денеска остана полупразна. Над 600 затвореници одбиле да го земат ручекот и најавуваат дека ќе гладуваат се` додека и тие не бидат ослободени со Законот за амнестија што се подготвува за учесниците во настаните од 27-ми април. Со писмо ги известиле затворската управа и премиерот дека, доколку во следните два дена не добијат позитивен одговор од владата и работното тело за помирување, ќе продолжат со штрајкот, а нивните  фамилии ќе организираат мирни протести  пред Владата.

Директорот на затворот потврди дека денеска над 600 затвореници одбиле да земат храна при делењето на ручекот. Негов впечаток е дека дел од нив тоа го сториле под притисок од организаторите на штрајкот и засега не е загрижен затоа што затворениците имаат залихи на храна во ќелиите.

Премиерот исто така потврди дека го добил писмото, но нема да им излезе во пресрет на барањата.

Заев потенцираше дека, собраниското тело за помирување, треба да изработи закон за амнестија за 27-ми април, но од него  ќе бидат изземени тие што учествувале директно во насилствата или биле организатори на настаните.

Телото за помирување и денеска се состана во Собранието, но за кратко време ја прекинаа работата поради потребата од дополнителни правни консултации.

Извор: Telma.com.mk

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 21 минута

Гостивар-Средношколци ги измерија знаењата во Прва помош

Гостиварпред 4 часа

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Македонијапред 5 часа

Промовирана новата генерација полициски службеници, 416 мажи и 92 жени

Македонијапред 8 часа

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу деца од 10 до 14 години

Македонијапред 8 часа

Околу 500 кг. ѓубре годишно по жител во Македонија

Македонијапред 9 часа

АХВ: Отповикан небезбеден сладолед, тие што го купиле да не го конзумираат и да го вратат

Македонијапред 11 часа

Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи осигурувањето за регистрација на возилата

Вестипред 12 часа

Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

Гостиварпред 1 ден

Гостивар во слава на 5 Мај: Да ни е жив и вековит македонскиот јазик!

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена