Вести
Љубов, внимание и посветеност на родителите за среќни деца – порака од Гостивар
Една од најважните лекции за сите родители е разбирањето дека и родителството се учи, беше порачано на трибината која се одржа вчера во Гостивар, во рамки на кампањата за позитивно родителство, што се спроведува во Република Македонија.
За развојот на децата во првите години од животот, влијанието на исуствата доживеани во детството во натамошниот живот и родителските стилови и ефекти, пред гостиварци зборуваше Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ.
„Секој родител е посебен и врската меѓу родителот и детето, љубовта меѓу нив , истотака е посебна. Последните неколку децении научивме многу за начинот на кој растат и се развиваат децата и начинот на којшто имаат оптимална можност за среќен живот. Науката докажа дека во првите години од животот човечкиот мозоксе развива со брзина која никогаш потоа нема да се повтори. Секое поединечно искуство на детето влијае врз развојот на мозокот и го обликува начинот на кој тоа размислува, чувствува, се однесува и учи во текот на животот.“, рече Перкс.
На настанот се обратија и професорките Фиторе Бајрами Абди и Алма Тасевска. „Многу е важно родителите да им дозволат на децата да ги истражат границите на своите можности, да им даваат поттик и да бидат толерантни кон неуспех”, порача Абди.
Тасевска во своето излагање нагласи: „Од пристапот, топлината, вниманието и посветеноста на родителите зависи колку децата се свесни за сопственото однесување, колку се среќни, дисциплинирани, друштвени и успешни во образованието’.
Настанот беше збогатен со аудио-визуелен перформанс”Тишина” во изведба на Битрикс Културен центар и настап на деца и млади од гостиварското танцово студио “IDance”.
Кампањата „И родителството се учи“ ја спроведуваат Министерствата за образование, за труд и социјала и за здравство, со поддршка на УНИЦЕФ и ЕУ.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ