Вести
Медали за гостиварските каратисти Јакупи и Османи на „Трофеј Македонија“
На карате турнирот Трофеј Македонија, кој важи за еден од поголемите меѓународни спортски настани во државава, гостиварскиот каратист Берат Јакупи освои златен медал.
Јакупи настапуваше во категоријата до 84 килограми, а во финалето го совлада Петар Спасеновски.
Македонија на турниот освои 21 медал – 4 златни, 8 сребрени, 9 бронзени. Уште еден гостиварски каратист Доан Османи се закити со медал на овој турнир. Тој освои бронза.
Трофејот Македонија не помина како очекуваше организаторот. Во последен момент го откажаа своето учество селекциите на Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина. Косово,
Албанија и Бугарија допатува без најдобрите каратисти. Од пријавените учесници, најкомплетна беше Турција.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!