Поврзи се со нас

Вести

Турнири во шах, кошарка и мал фудбал во училиштата во Гостивар

Објавено

на

Преку разни спортски и културни активности на младата популација во Гостивар, ќе се развива духот на толеранцијата, ќе се поттикнува соработка и поврзување на децата од различни етникуми како и градење на мирен соживот. Ова се дел од целите на проектот „Јакнење на отпорноста на локалните заедници против насилен ектремизам во Македонија“, во кој Гостивар е вклучен како една од пилот општините, заедно со Кичево и Чаир.

Во негови рамки денес беа организирани повеќе спортски натпревари низ училиштата, кои започнаа со турнир во шах во ОУ „Гоце Делчев“.

„Секој месец се предвидува да се организираат различни активности од спорт и култура. Во Гостивар денес имаме турнир во шах, мал фудбал и кошарка во кои учествуваат основци и средношколци од различни националности“, рече Марко Соколовски, координатор на активностите.

За најдобрите ученици и тимови во денешните натпревари организаторите обезбедија пригодни награди. За училиштата пак, беше донирана спортска опрема.

Проектот, кој го спроведува Центарот за заедничка основа од Скопје ќе трае во период од две години и е поддржан од Британската и Холандската Амбасада. Предвидено е формирање на работни групи од локалните институции, кои ќе изработат Акциски план со мерки и препораки. Дел од нив ќе бидат вметнати во  Националната стратегија за борба против насилниот екстремизам.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 6 минути

Неовластено снимен разговор со гостиварец завршил на социјални мрежи

Деца Родителипред 3 часа

Семејство-најмалиот, а најважен градежен блок во општеството!

Македонијапред 5 часа

Православен празник во слава на Св.Атанасиј Велики

Гостиварпред 16 часа

Ново раководство на Клубот на млади на Црвен Крст-Гостивар

Занимливостипред 18 часа

Црната боја – признак за привлечност, интелигенција, самодоверба, црвената асоцира на ароганција

Гостиварпред 20 часа

Во ОВР Гостивар пријавен напад од основец врз соученик во двор на училиште

Гостиварпред 22 часа

На пазарот во Гостивар „од пиле млеко“ – Цените намалени, торбите пополни

Избори 2024пред 23 часа

ДИК прифати 6 приговори во Петтата изборна единица и еден во Шестата

Македонијапред 23 часа

Пендаровски се откажа од државна пензија, ќе има канцеларија со тројца вработени

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена