Вести
Прва помош за желудникот после празнично прејадување
Обилното јадење во празничните денови може да донесе многу тегоби за дигестивниот систем. Доколку не сте биле доволно внимателни со храната, сте се прејадувале и ви се јавила болка, нелагодност, подуеност и зголемена киселина во желудникот, време е да се ставите под контрола и постепено да се вратите во нормала.
Еве што може да ви помогне:
Чај од нане
Не се двоумете да го пиете редовно, затоа што има неверојатно смирувачко дејство врз стомакот и ги отстранува дигестивните проблеми. Важно е да не го пиете жешок, туку изладен и тоа во мали голтки.
Јаболков оцет
Многу помага за регулирање на варењето на храната. Во чаша вода ставете една лажица јаболков оцет и едно мало лажиче мед. Измешајте добро и ваквиот напиток пијте го два до три пати дневно.
Ѓумбир
Може да го конзумирате во салата, да го додавате во супа или друго јадење или пак да си направите чај. За домашен чај од ѓумбир ви треба кафена лажичка измелен или изрендан ѓубир кој се вари во вода, 5 до 10 минути.
Сода бикарбона
Содата е многу познат, едноставен и ефикасен намалувач на желудочна киселина. Можете да ја растворите во вода и течноста да ја пиете по малку во текот на денот, или пак да конзумирате по половина лажичка сода бикарбона после јадење
Семе од анасон (анис)
Корисно семе за отстранување на проблемите со варење, предизвикани од зачинета и мрсна храна. Половина лажичка прав од семе од анасон се меша со малку вода и се конзумира по два пати дневно. Или за чај: две лажички здробено семе се преливаат со шолја врела вода и се оставаат да стојат десет минути.
Цимет
Ефикасен за ослободување од грчеви и надуеност. Додадете го во чај, млеко, сутлијаш или друг десерт.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница