Рецепти
Таан алва со ф`стаци – благо за мерак и за душа
Ова е слатко задоволство со кое ќе ги задоволите вкусовите на сите по дома, а сосема е соодветно и да го послужите пред гости – таан алва со ф`стаци. Не само што е вкусно, туку е и многу здраво, а тоа ретко може да се каже за некое благо. Таанот прави чуда за организмот, помага во подобрување на крвната слика и дава енергија.
Состојки:
500 гр. таан
2 белки од јајца
300 гр. несолени ф`стаци
сируп:
400 гр. шеќер
200 мл. вода
екстракт од ванила
Подготовка:
Во длабоко тенџере ставете ги водата и шеќерот и варете го сирупот околу 25 минути. Потоа оставете го малку да се излади, па додадете го екстрактот од ванила.
Во една вангла направете цврст шлаг од белки, а во друга изматете го убаво таанот, па потоа измешајте ги двете смеси. Откако убаво ќе се измешаат додавајте го сирупот полека, па сецканите фстаци и повторно измешајте. Потоа ставете ја смесата во пластична кутија со капак и оставете во фрижидер да се стегне.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ